понеделник, јули 13, 2026
Дома МАГАЗИН Македонија повторно на Песна на Евровизија, на натпреварот во Бугарија!

Македонија повторно на Песна на Евровизија, на натпреварот во Бугарија!

76

По повеќегодишна пауза, Македонија, конечно, се враќа на музичкиот спектакл Песна на Евровизија, која наредната пролет ќе се одржи или во Софија или во Варна, Бугарија. Ова го потврди новиот директор на Македонската телевизија, Зоран Ристоски. На јавна седница на Програмскиот совет, тој соопшти дека државата ќе испрати свој претставник на Евровизија 2027 година, на натпреварот во Бугарија, откако убедливо победи оваа соседна земја неодамна, во Виена, со пејачката Дара и песната „Бангаранга“.

Господинот Ристоски истакна дека веќе остварил средби со претставниците на European Broadcasting Union (ЕБУ). Тој објасни дека Македонија има голема поддршка од сите за враќање на евровизиската сцена. Како доказ за повторното учество, ќе биде распишан јавен оглас-конкурс за избор на композиција или како што веќе се шушка на големо, македонската песна, веројатно, ќе биде избрана на обновениот „Скопски фестивал“, што би било најлогично.

(Д. М.)

 

ИЗДВОЕНИ