Во овој фантастичен есенски пијалак можете да уживате наутро или навечер; тиквата овозможува успешна детоксикација.
Есента е во полн ек, а вистинската кралица на оваа сезона несомнено е тиквата. Освен што се користи за подготовка на вкусни пити, таа може да се искористи и на многу други начини.
Всушност, ова е одлична идеја како да се подготвите за постудените денови, а истовремено да го детоксицирате организмот.
Во овој фантастичен есенски пијалак можете да уживате наутро или навечер; тиквата овозможува успешна детоксикација.
Состојки:
Една замрзната зрела банана
1/2 шолја пире од тиква
Една рака спанаќ
3/4 шолја кокосово или бадемово млеко
1/2 лажичка цимет
Една лажичка мед
Подготовка:
Најпрво подгответе пире од тиква така што ќе сварите едно или две парчиња тиква, а потоа ќе ги испасирате додека не добиете мазна смеса. Потоа, ставете ги сите останати состојки во блендер и измиксајте ги заедно.
Ако сакате да ја прилагодите густината, можете да додадете малку вода. Консумирајте го еднаш дневно и уживајте во овој совршен есенски шејк.
Зошто тиквата е толку корисна?
Тиквата се состои од околу 90 проценти вода и содржи низа вредни состојки, вклучувајќи протеини, јаглехидрати, масти, витамини А, Ц, Б1, Б2, Б3 и Б6, ниацин, фолна киселина, минерали (калиум, фосфор, калциум, железо), елементи во трагови, пектин и целулоза.
Имајќи го сето ова предвид, таа е одлична за превенција од многу болести, а особено е корисна во следниве случаи:
Тиквата е одлична за респираторниот тракт и за одржување на здравјето на белите дробови. Истражување спроведено во Кина покажа дека лицата кои редовно консумираат тиква имаат 27 отсто помал ризик од појава на рак на белите дробови – благодарение на високата содржина на бета-каротен, кој телото го претвора во витамин А.
Бројни студии покажаа дека храната богата со бета-каротен може да го намали ризикот од одредени видови рак и да обезбеди заштита од срцеви заболувања.












