недела, октомври 18, 2026
Дома СВЕТ Карни: Пожарот во воената база во Алберта е една од најтешките трагедии...

Карни: Пожарот во воената база во Алберта е една од најтешките трагедии за канадската војска – најмалку 7 лица настрадаат, а десетици се повредени

0
Фото: википедија

Најмалку седум лица загинаа, а десетици се повредени по експлозија и пожар во базата на Канадските вооружени сили во Вејнрајт, објави „Глобал њуз“ (Global News), повикувајќи се на воени извори.

Изворите наведоа дека до експлозијата дошло за време на вежба со боева муниција, кога бил погоден гасовод или гасна бушотина во рамките на базата.

По експлозијата избувнал пожар, кој, поттикнат од силниот ветер, брзо се проширил надвор од границите на предвидениот полигон за обука, пренесе „Танјуг“.

Д-р Ворен Тирск, кој работи во болница во Едмонтон – град оддалечен 180 километри од базата каде што избувна пожарот – изјави за „Си-Би-Си Њуз“ (CBC News) дека пациентите биле префрлени во болници низ целиот град, бидејќи медицинските капацитети во близина на базата биле „целосно преоптоварени“ поради бројот на луѓе на кои им била потребна помош.

Канадскиот премиер Марк Карни денеска изјави дека пожарот во воената база во Алберта – во кој животот го загубија четворица војници, а десетици беа повредени – претставува една од најтешките трагедии што ја погодиле канадската војска на домашно тло во време на мир.

Во своето обраќање преку телевизија, Карни наведе дека семејствата на загинатите се веќе известени, а ситуацијата сè уште се одвива.

 

 

 

 

 

ИЗДВОЕНИ