четврток, јуни 4, 2026
Дома СКОПСКА Лила и Џонатан добија уште едно младенче пингвин

Лила и Џонатан добија уште едно младенче пингвин

114

Скопската Зоолошка градина доби ново младенче пингвин од загрозениот вид хамболт. Горди родители повторно се Лила и Џонатан.

– И овој пат, таткото Џонатан ја презеде главната улога, внимателно го инкубираше јајцето и постојано го штитеше гнездото, додека Лила повеќе време поминуваше во базенот. Оваа поделба на грижата е природна за видот и е клучна за успешно изведување на младенчињата – објаснија од Зоолошката.

Хамболт пингвините се загрозен вид во дивината, па секое успешно изведено младенче има големо конзервациско значење.

Од Зоолошката градина велат дека со континуираните успеси во размножувањето, се издвојуваат како најуспешна зоолошка градина во регионот во одгледувањето на овој редок вид, кој потекнува од Аргентина и од  Чиле.

ИЗДВОЕНИ