Грција ќе ги ограничи маржите на горивото и супермаркетите три месеци за да се бори против шпекулациите за зголемувањето на цените на енергијата предизвикани од војната меѓу САД и Израел против Иран, изјави денес грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.
„Овие превирања не треба да доведат до профитерство“, рече Мицотакис за време на месечната средба со грчкиот претседател.
Се очекува грчката влада да ги изнесе конкретните мерки подоцна во текот на денот, пренесува Танјуг.
Претходно унгарската Влада воведе ограничување на цените на бензинот и дизелот на бензинските пумпи од полноќ во понеделник, како одговор на зголемувањето на цените на нафтата предизвикано од војната меѓу САД и Израел против Иран, која започна на 28 февруари и влијаеше на клучните земји и инфраструктура за производство и транспорт на нафта и гас.












