Топлотниот бран се чини дека тешко дека ќе го напушти регионот, а детална прогноза за наредниот период презентираше српскиот метеоролог Недељко Тодоровиќ. Тој истакна дека пад на температурата ќе се почувствува на почетокот на септември, но додаде дека постои можност да имаме температури до 30 степени кон средината на септември.
„Затоа, реално е дека и на 20 септември вредноста да биде 30 степени. Сепак, температурата полека ќе се намалува, а тоа значи дека не треба да се очекуваат нагли промени“, рече тој.
Тодоровиќ нагласува дека летната жега полека ќе се намалува, иако повторно ќе има денови со 35-36 степени.
„Секогаш може да има некои изненадувања, но судејќи според пошироката ситуација над континентот и Атлантикот, нема знаци на сериозно заладување. Ќе ве потсетам на 1917 и 1921 година, бидејќи дури и тогаш жегата во текот на август била исклучително долга, а вредностите достигнале 40 степени“, вели Недељко Тодоровиќ за српските медиуми.
„Исто така, лошото влијание на континуираната топлина на која сме сведоци е тоа што предизвикува суши, а оваа година таа многу лошо влијаеше врз земјоделството и посевите, особено на пченката“, потенцира Тодоровиќ, објаснувајќи ја врската помеѓу топлината и посевите.
„Поентата не е во високите температури, нормално е за лето температурите да одат над 35 степени, но недостатокот на врнежи од почетокот на летото влијаеше на посевите. Ова влијае на земјоделството, но и на овие пожари што предизвикуваат проблеми во регионот“, рече тој.












