Денеска почна „Летно кино Ѓорче 2026“, со избор на македонски филмови и со бесплатни проекции во парковите низ Ѓорче Петров.
Во реонскиот парк Ѓорче Петров, вечерва, во 20:00 часот, посетителите ќе имаа можност да го проследат филмот „Приказната за Силјан“.
Утре на репертоарот, со почеток, исто така, во 20:00 часот, е филмот „Балканкан“, додека в среда, на 9.9.2026 година, во 20:00 часот ќе биде прикажан филмот„Лена и Владимир“. В четврток, 10.9.2026 година, ќе може да се проследи филмот „Медена земја“.
Во паркот „Хром“ в петок, 11.9.2026 година, со почеток во 20:00 часот, ќе биде прикажан филмот „Јон Вардар против галаксијата“.
Од Општина Ѓорче Петров велат дека граѓаните ги очекуваат убави летни вечери, квалитетни македонски филмови и дружење под отворено небо.
– Ве очекуваме да уживаме заедно во филмската магија – повикуваат од локалната самоуправа.
Влезот е слободен.












