Јавното претпријатие „Лајка“, на 5, 6 и 7 јуни 2026 година, ќе организира тридневен едукативен настан посветен на задомувањето, одговорното сопствеништво, едукацијата и заедништвото помеѓу граѓаните и животните. За 5 јуни е предвидена четиричасовна панел- дискусија, а ќе се обработуваат четири различни теми. Директорот на ЈП „Лајка“, Војислав Димитровски, информираше дека ќе има учесници од Македонија, и тоа од образовните институции и од министерствата, но и од странство. На 6 и на 7 јуни, од 11:00 до 15:00 часот, во Градскиот парк ќе биде организиран „Лајкафест“. Во Градскиот парк ќе има пет сцени: на едната ќе може да се задомуваат кучиња од стационарот „Лајка“ или, пак, привремено да се згрижуваат, за потоа, со стекнати хигиенски навики и со престој во домашни услови, полесно да може да се задомат. На втората сцена во живо ќе се прикажува дресура на кучиња со Киско. Тој ќе покажува како се обучува куче. Следната сцена ќе биде едукативна зона за одговорно сопствеништво за возрасните, четвртата сцена ќе биде за најмладите, кои ќе се едуцираат во однос на благосостојбата на животните, но и за одговорното сопствеништво. И петтата е главната сцена со натпревари, игри и забавна програма

Јавното претпријатие „Лајка“, на 5, 6 и 7 јуни 2026 година, ќе организира тридневен едукативен настан посветен на задомувањето, одговорното сопствеништво, едукацијата и заедништвото помеѓу граѓаните и животните. За 5 јуни е предвидена четиричасовна панел-дискусија, а ќе се обработуваат четири различни теми.

Директорот на ЈП „Лајка“, Војислав Димитровски, информираше дека ќе има учесници од Македонија, и тоа од образовните институции и од министерствата, но и од странство.

– Од странство ќе бидат одговорните лица за решавање на проблемот со бездомните кучиња во Сараево, а ќе дојде и директорката на прифатилиштето „Думовец“ во Загреб, Хрватска. И едните и другите ќе презентираат како стигнале до тоа проблемот со бездомните кучиња да биде ставен под контрола, односно на јавните површини да нема присуство на бездомни кучиња – објасни Војислав.

На 6 и на 7 јуни, од 11:00 до 15:00 часот, во Градскиот парк ќе биде организиран „Лајкафест“.

Како што истакна Војислав, во Градскиот парк ќе има пет сцени.

– На едната ќе може да се задомуваат кучиња од стационарот „Лајка“ или, пак, привремено да се згрижуваат, за потоа, со стекнати хигиенски навики и со престој во домашни услови, да може полесно да се задомат. На втората сцена во живо ќе се прикажува дресура на кучиња со Киско. Тој ќе покажува како се обучува куче. Следната сцена ќе биде едукативна зона за одговорно сопствеништво за возрасните, четвртата сцена ќе биде за најмладите, кои ќе се едуцираат во однос на благосостојбата на животните, но и за одговорното сопствеништво – објасни Војислав.

Тој наведе дека в петок и в сабота ќе има и натпревар „Ти и твоето куче – кој на кого личи?“, како и натпревар во трикови. Ќе се натпреваруваат сопствениците со своите кучиња во тоа кој најдобро го научил својот миленик на некој трик. Ќе има жири- комисија што ќе одлучи кој ќе биде најдобар.

Исто така, ќе има и изложба со задомените миленици. Ќе има награди и активности за посетителите и за нивните миленици.

Како што нагласуваат од претпријатието, „Лајкафест“ има цел да покаже дека преку едукација, одговорност и активно вклучување на заедницата може да се придонесе за похуман и побезбеден град за сите.

(А. П.)

ИЗДВОЕНИ