понеделник, октомври 19, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Лагард: Инфлацијата во еврозоната ќе остане висока и во првата половина од...

Лагард: Инфлацијата во еврозоната ќе остане висока и во првата половина од 2027 година

0
epa11772276 European Central Bank (ECB) President Christine Lagarde addresses a press conference following the meeting of the ECB Governing Council in Frankfurt am Main, Germany, 12 December 2024. EPA-EFE/RONALD WITTEK

Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, предупреди дека инфлацијата во еврозоната ќе остане значително над целното ниво во првата половина од 2027 година, главно поради повисоките цени на енергијата. Таа посочи и на ризиците од конфликтот на Блискиот Исток и на неизвесноста во глобалната трговија, кои би можеле да го забават економскиот раст.

– Се очекува повисоките цени на енергијата да ја задржат вкупната инфлација значително над целта во првата половина од 2027 година, со постепено прелевање и врз основната инфлација и врз цените на храната – изјави Лагард.

Годишната инфлација во еврозоната во септември се зголеми на 3,8 проценти, главно поради поскапувањето на енергијата, додека основната инфлација достигна 2,5 проценти.

Според проекциите на ЕЦБ, се очекува економијата во еврозоната да порасне за 0,9 проценти во 2026 година, за 1,4 проценти во 2027 и за 1,5 проценти во 2028 година.

Лагард предупреди и за зголемени ризици за финансиската стабилност, меѓу кои геополитичките тензии, проблемите со јавните финансии и неизвесноста поврзана со брзото ширење на вештачката интелигенција. Сепак, оцени дека европските банки имаат стабилни капитални и ликвидни резерви, добра профитабилност и квалитетни средства, што им овозможува да се справат со неизвесноста и да продолжат да ја финансираат економијата.

 

ИЗДВОЕНИ