четврток, октомври 15, 2026
Дома МАГАЗИН Кумановецот Филип со македонската песната “Лично Јовано“ се пласира во понатамошното натпреварување...

Кумановецот Филип со македонската песната “Лично Јовано“ се пласира во понатамошното натпреварување во шоуто „Ѕвездите на Гранд“

0

Воодушевена беше и добро познатата пејачка Снежана Ѓуришиќ: – Многу ме радува што во ова шоу пееш македонски песни. Тоа кажува дека знаеш на вистински начин да се занимаваш со музиката, порача Снежа

 „Ќе пеам од срце, ќе дадам сè од себе“, вака искрено порачува нашиот 33-годишен Филип Стојковски од Куманово, кој навистина и го направи тоа во неодамнешното издание на балканското шоу „Ѕвездите на Гранд“. И, во најновата сезона на овие натпревари, ги освои сите. Тоа не е нешто ново бидејќи кандидатите од Македонија честопати и победуваат, па ќе видиме како ќе биде со Филип. Особен впечаток остави кога ја испеа популарната народна песна „Лична Јовано“ од репертоарот на легендарниот Наум Петрески, кој на Филип му е музички миленик. Така и ги доби гласовите од жирито, а најважниот, седмиот глас, стигна од пејачката Дара Бубамара. На тој начин, Филип директно се пласира во понатамошното натпреварување.– И мене ми се допадна твојот настап. Прекрасна боја на гласот, а и физички одлично изгледаш, така што сè се вклопува за успех во ова шоу. Од срце ти честитам, добре дојде во јатото на „Гранд“. Твоето место е тука со нас, искоментира популарната Цеца по настапот на Филип.

Од настапот на кумановецот Филип беше воодушевена и добро познатата пејачка Снежана Ѓуришиќ: – Многу ме радува што во ова шоу пееш македонски песни. Тоа кажува дека знаеш на вистински начин да се занимаваш со музиката и да пееш онака како што ти кажува срцето!

Инаку, Филип Стојковски професионално настапува со својот бенд низ рестораните во Македонија, а притоа честопати знае сите да ги изненади пријатно кога ќе ја пее популарната македонска песна „Зајди, зајди јасно сонце“.

 

 

ИЗДВОЕНИ