Поп-пејачката и хуманитарка Кристина Арнаудова, но и ќерка на познатиот Гоце Арнаудов, преку социјалните мрежи упати критика до јавноста, до народот, револтирана од начинот на кој општеството се однесува кон своите уметници и великани дури откако тие ќе заминат за секогаш.
На нејзиниот инстаграм-профил, таа сподели мошне искрен статус, а како позадина ја постави песната „Лесно ти е да ме оставиш“ со Владо Јаневски, кој по кусо боледување почина на 28 јуни.
-Ужасно е. Ужасно е дека човек треба да умре за да почнат да го почитуваат, да го цитираат, да го пуштаат на радио, да зборуваат колку бил голем и значаен! Ужасно е што оваа земја не оддаде почит на ниту еден голем човек додека беше жив! Додека се живи душа им извадивте, од секакви глупости зборење и лошотии…Ни еден не ви чинеше.
Ако имате да кажете нешто на човека убаво, кажете му додека е жив! Отпосле, и онака не му значи.
Морав ова да го кажам, зошто просто е така, и ми тежи, емотивно порача Арнаудова.












