петок, јули 3, 2026
Дома СВЕТ Бомбашкиот напад во Монако го извела жена, маскирана како маж – Полицијата...

Бомбашкиот напад во Монако го извела жена, маскирана како маж – Полицијата ја идентификуваше

154
epa13074713 The entrance of a residential building in Monaco, 30 June 2026, where a suspected parcel bomb explosion the previous evening wounded Ukrainian-born businessman Vadym Yermolaiev and two others. Police searched Monaco and nearby France for a suspect seen leaving a bag or package in the building’s lobby. EPA/SEBASTIEN NOGIER

Полицијата во Монако го идентификуваше осомничениот за експлозијата во која украинскиот олигарх Вадим Јермолаев и уште две лица беа тешко ранети, соопшти обвинителството.

Монако издаде потерница , а ќе биде издадена и црвена потерница од Интерпол. Јавниот обвинител Стефан Тибо ја пофали брзата и ефикасна меѓународна соработка на полицијата и судството, благодарение на што осомничениот беше идентификуван за рекордно кратко време. Според француските медиуми „Ле Фигаро“ и „БФМТВ“, напаѓачот наводно е жена која се обидела да се претстави како маж. Надзорните камери го покажуваат лицето и црна капа на главата.

Нападот се случи во понеделник вечерта во ходник на зграда во Монако. Непознато лице оставило пакет во ходник, а експлозијата се случила момент подоцна додека олигархот влегувал во зградата заедно со уште две лица кои исто така биле повредени. Властите во Монако не го потврдија идентитетот на жртвите, но според изворите, цел на нападот бил Вадим Јермолаев, богат бизнисмен по потекло од Украина, кој сега е кипарски државјанин, како и неговaта партнерка и синот, пишува „Гардијан“.

ИЗДВОЕНИ