петок, јули 3, 2026
Дома СВЕТ ВООРУЖЕНА Е И ОПАСНА! Интерпол издаде црвена потерница по Украинка осомничена за...

ВООРУЖЕНА Е И ОПАСНА! Интерпол издаде црвена потерница по Украинка осомничена за бомбашкиот напад во Монако

727
EPA/SEBASTIEN NOGIER

Украинката Анастасија Березовска, во триесеттите години од својот живот, која живее во Германија, а е опишана како „вооружена и опасна“, е главниот осомничен за експлозијата во Монако во која беа сериозно повредени украинскиот олигарх Вадим Јермолаев (58), неговата љубовница Ана Насобина (46) и неговиот син (13).

И официјално е објавено Името на лицето осомничено за поставување на бомбата во Монако, во која беа тешко повредени милионерот Вадим Јермолаев и уште две лица. Откако француските медиуми објавија дека истражителите на снимки од безбедносните камери го пронашле лицето за кое се верува дека е одговорно за експлозијата, Интерпол издаде црвена потерница.

Осомничената е идентификувана како 39-годишната Анастасија Березовска. Според француските обвинители, таа е Украинка која живеела во Германија и по експлозијата избегала преку Франција во Италија.

Жената има кафеава коса и препознатлива тетоважа со змија на десната рака. Во времето на инцидентот, таа носела панталони, елек и темна шапка.

Interpol screenshot

Медиумите објавија дека Березовска ја обиколувала куќата на Вадим Јермолаев неколку дена пред нападот.

Истражителите претходно објавија дека непознато лице оставило пакет во лобито на станбената зграда, непосредно пред украинскиот милионер и уште две лица да влезат во зградата. Иако првичните информации укажуваа дека милионерот бил придружуван од неговата сопруга и син, подоцна се покажа дека жената, која беше тешко повредена во нападот, била негова љубовница.

Истражителите објавија дека бомбата била полна со завртки и метални топчиња за да предизвика максимална штета и дека била активирана со далечински управувач. Тие исто така се сомневаат дека Березовска не била единствената вклучена во овој напад.

Иако властите официјално не ги потврдија идентитетите на жртвите, неколку извори посочија дека целта на нападот бил 58-годишниот Вадим Јермолаев и неговото семејство.

Украинските медиуми, повикувајќи се на извори од украинската полиција, укажуваат дека нападот може да биде поврзан со мрежа од лажни кол-центри во Дњепар, кои се користат за извршување големи финансиски измами во Европа. Семејството Јермолаев наводно одиграло значајна улога во операцијата, за која се верува дека извлекле повеќе од 100 милиони евра од илјадници граѓани.

Во исто време, француските медиуми сугерираат дека истрагата ја испитува можната вмешаност на Украинската безбедносна служба во атентатот. Имено, украинскиот претседател Володимир Зеленски во 2023 година воведе санкции против Јермолаев, со кои му беше забрането да врши финансиски активности во Украина во период од десет години и му беа замрзнати финансиските средства.

ИЗДВОЕНИ