Легендарниот НБА-кошаркар, Крис Пол, принудно ја заврши кариерата како слободен агент, откако беше отпуштен од Лос Анџелес Клиперс по само 21 натпревар.

Пол беше во овој тим и во периодот од 2011 до 2017, кога го предводеше заедно со Блејк Грифин и Деандре Џордан. Тој беше срцето на тимот, мајстор за асистенции и лидер кој знаеше како да го зголеми интензитетот на играта во вистинскиот момент. Во текот на 2014 година, Крис Пол имаше просек од 11,7 асистенции по натпревар, што го смести меѓу најефикасните плејмејкери во историјата на лигата.

Овој пат, Лос Анџелес Клиперс загуби од Голден стејт со 126:121 и ја завршија сезоната предвреме, а Пол ги дочека своите пет минути, уживајќи во елиминацијата на својот поранешен тим. Тој објави „меме“ на човек облечен во најдоброто од себе за нечиј погреб на социјалните мрежи, што предизвика лавина реакции кај љубителите на кошарката.

ИЗДВОЕНИ