четврток, јуни 4, 2026
Дома СВЕТ Германија извезувала оружје во Израел и за време на нападот врз Иран

Германија извезувала оружје во Израел и за време на нападот врз Иран

120
Фото: EPA/WAEL HAMZEH

Германската влада и во првите недели од нападот на Иран одобрила извоз на оружје во Израел, иако во релативно мал обем, објави агенцијата дпа.

Од 28 февруари, кога почнаа нападите, до 27 март, владата дала зелено светло за извоз во вредност од 6,6 милиони евра.

Податоците кои ѝ се достапни на дпа од министерството за економија ги побарал пратеникот на „Левица“ Улрих Тоден.

За споредба, во првите четири месеци по укинувањето на привременото ограничување за извоз во Израел, кое Германија го воведе поради војната во Газа, владата на демохристијаните и на социјалдемократите одби извоз вреден 166,95 милиони евра.

Меѓутоа, меѓу тие испораки не било и военото одужје како тенкови, артилерија или слично, туку само „останата воена опрема“.

Инаку, насоките за извоз на оружје, кои во 2000 година ги усвои тогашната влада на СПД и на Зелените и кои се и понатаму на сила, генерално забрануваат испорака на воена опрема во воени и кризни зони.

Сепак, постојат исклучоци. Меѓу нив е и поддршката на Украина, а Израел исто така е посебен случај.

Поради убиството на шест милиони Евреи во Европа под нацистичка власт, Германија се чувствува особено одговорна за безбедноста на еврејската држава. Поради оваа причина, на пример, извозот на подморници во Израел дури е субвенциониран со пари на даночните обврзници.

По терористичкиот напад на Хамас врз Израел во октомври 2023 година, Германија првично дури го зголеми извозот на оружје во Израел.

Сепак, поради растечкото незадоволство од воените операции на Израел, канцеларот Фридрих Мерц на 8 август нареди привремено да се забранат испораките на воена опрема за Израел што може да се користи во војната во Газа.

Делумното ембарго предизвика големо незадоволство во Израел, но и во рамките на ЦДУ и ЦСУ. По три и пол месеци, владата ги укина ограничувањата, бидејќи беше постигнат договор за прекин на огнот.

Но, дури и за време на делумното ембарго, владата одобри извоз во вредност од 10,44 милиони евра.

Пратеникот на Левичарската партија Тоден ја обвинува владата за поттикнување војна во Иран. Тој бара итно и целосно запирање на извозот на оружје во Израел.

„Профитните интереси на воено-индустрискиот комплекс никогаш не служат на мирот, ниту на Блискиот Исток ниту на друго место, туку напротив поттикнуваат војни што одземаат безброј човечки животи и можат да чинат цели нации економска благосостојба“, рече Тоден.

ИЗДВОЕНИ