Во градинките во Општина Центар нема листи на чекање, а условите за згрижување на децата се одлични. Главниот предизвик е недостигот од воспитувачи, негуватели и стручен кадар, за чие вработување се потребни согласности од надлежните институции, рече градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во телевизиско гостување.
Тој појасни дека барањето на Општина Центар не се однесува на отворање нови работни места, туку на добивање согласности за пополнување на веќе постојните работни места што се испразнети поради пензионирање.
– Очекувам нашите барања да бидат разгледани и Центар да има еднаков третман како и другите скопски општини – наведе Герасимовски.
Тој посочи дека преку општинскиот ГИС-портал родителите имаат можност да добијат реонски увид и информации за уписот на децата во градинките и училиштата.












