среда, октомври 21, 2026
Дома СКОПСКА Клучката кај Момин Поток ќе биде готова до Нова година  

Клучката кај Момин Поток ќе биде готова до Нова година  

8

По повеќегодишен застој, за само неколку месеци, со забрзана работна динамика, градежните активности на клучката „Момин Поток“ се наоѓаат во завршна фаза и треба да завршат до крајот на годината.

Скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски, наведе дека клучката кај „Момин Поток“ била затечена во повеќегодишна стагнација без никакви градежни активности и без завршена експропријација.

– За само неколку месеци ја завршуваме голготата низ која минуваше народот. Целосно е завршен големиот мост, кој што го поврзува булеварот „Никола Карев“ со булеварот „8 Септември“ и улицата „Скупи“. Веќе едната страна од левиот дел кон граничниот премин е целосно асфалтирана. Целата подземна инсталација е готова, односно атмосферската канализација, како и сите операторски кабли се спуштени подземно – информираше Ѓорѓиевски.

Тој додаде дека дополнително, два од трите моста на реката „Серава“ се целосно готови, а се работи со силно темпо и на третиот мост.

Според Ѓорѓиевски, и третиот мост ќе биде ставен во функција до Нова година, исто така и клучката, но и целиот овој потег кој, како што вели сериозно ќе го среди сообраќајниот метеж во овој дел од градот.

(А. П.)

 

ИЗДВОЕНИ