петок, јуни 5, 2026
Дома СВЕТ Кревок договорот за прекин на огнот: Нападната рафинерија во Иран/ВИДЕО

Кревок договорот за прекин на огнот: Нападната рафинерија во Иран/ВИДЕО

197
EPA/ATEF SAFADI

Иранските власти објавија дека утрово е извршен воздушен напад врз рафинерија лоцирана на островот Лаван.

– Околу 10 часот наутро, објектите на рафинеријата за нафта Лаван, лоцирана на островот Лаван, беа подложени на кукавички напад од непријателот – се наведува во соопштението на Националната иранска компанија за рафинирање и дистрибуција на нафта, кое го пренесува агенцијата Мехр.

Како што се нагласува, во нападот немало жртви или повредени, а видеото што се појави на социјалните мрежи покажува густ чад што се издига над местото на нападот.

Од соопштението не е прецизирано кој е непријателот во овој случај.

Сè се случи само неколку часа откако претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп објави двонеделен прекин на огнот со Иран, со оценка дека Техеран претставил „функционален“ план од десет точки како основа за преговори.

ИЗДВОЕНИ