петок, јуни 5, 2026
Дома МАГАЗИН „Браво бенд“ ветува дека нема да полуди – публиката „шекна“ по новиот...

„Браво бенд“ ветува дека нема да полуди – публиката „шекна“ по новиот хит – Песна која (ќе) се пее ова лето

66

Со повеќе од две децении активна музичка кариера, познатиот „Браво бенд“ повторно ја потврдува својата позиција на домашната сцена. Во актуелниот состав на групата  членуваат искусни и академски музичари, како што се: Кире Денов (вокал/бас), Дејан Младеновски (тапани), Мирослав Милковски (клавијатури/вокал), Александар Трајанов (гитара) и Драган Младеноски (труба). Тоа е состав кој континуирано испорачува хитовски звук со високо продукциско ниво.

„Браво бенд“ има најнова песна, која има и интересен наслов, „Да не полудам“. Оваа песна го привлекува вниманието на публиката уште од прво слушање. Такви се реакциите на голем број луѓе.За само еден час по премиерата на нивниот официјален јутјуб-канал, новата песна прерасна во нов хит. Големиот број прегледи, коментари и споделувања, проследени со позитивни оценки од нивните колеги, естрадни новинари и обожаватели, укажуваат на силниот комерцијален потенцијал на песната. Музиката и текстот ги потпишува Кире Денов, додека аранжманот, миксот и мастерингот се дело на Дејан Георгиевски. Дополнителна емоционална димензија на композицијата ѝ дава популарната Андријана Јаневска, како  придружен вокал.

Визуелната приказна што ја заокружува целокупната продукција е резултат на соработката помеѓу Кире Денов, Стефан Џокановски и Ѓорѓи Вацев, кои беа задолжени за режија, камера, монтажа и компјутерска графика, создавајќи модерен и впечатлив видеозапис. Со новата песна „Да не полудам“, оваа група не нуди само нова песна туку и уште едно силно музичко доживување. Со најава дека ќе го одбележи, пред сè, летниот период што ни следува.

 

 

ИЗДВОЕНИ