среда, октомври 14, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Кражба во Аеродром: Скопјанка затекнала провалник во станот, ја нападнал со тврд...

Кражба во Аеродром: Скопјанка затекнала провалник во станот, ја нападнал со тврд предмет и побегнал со пари

41

Жена на возраст од 50 години од Скопје била нападната во сопствениот стан во општина Аеродром, откако затекнала непознато лице внатре. Од станот биле одземени пари, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Според информациите од полицијата, случајот бил пријавен на 13 октомври околу 16 часот во СВР Скопје. Жената, при враќањето во својот дом, забележала дека влезната врата била насилно отворена и оштетена.

Таа не можела веднаш да влезе во станот бидејќи вратата била блокирана со столица. Откако успеала да ја отстрани пречката и влегла внатре, забележала непознато лице, кое ја нападнало со тврд предмет, по што побегнало.

По нападот, жената забележала дека од станот недостасуваат пари.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и откривање на сторителот.

ИЗДВОЕНИ