четврток, јануари 22, 2026
Дома МАГАЗИН Кралот Чарлс се враќа на редовните активности

Кралот Чарлс се враќа на редовните активности

101

Британскиот крал Чарлс Трети ќе им се врати на редовните активности оваа недела, откако беше кратко хоспитализиран поради несакани споредни ефекти од терапијата против канцер и мораше да ја откаже посетата на Бирмингем, пренесуваат денеска британските медиуми.

Кралот за време на викендот се одмораше на својот имот Хајгроув во Глостершир откако во четвртокот кратко престојуваше во болница, пренесува Би-Би-Си.

Како што наведоа лекарите, тој се чувствувал добро, но сепак му било препорачано да ја откаже посетата на Бирмингем во петок.

ИЗДВОЕНИ