вторник, октомври 20, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Крај на евтиното купување на онлајн платформите – од новите царини ЕУ...

Крај на евтиното купување на онлајн платформите – од новите царини ЕУ брои милиони профит

0

Купувањето производи преку платформи како „Тему“ и слични платформи ќе стане уште поскапо за потрошувачите во Европската унија, почнувајќи од 1 ноември 2026 година.

По воведувањето на привремена царинска давачка од три евра за пратки од земји надвор од ЕУ, чија вредност е помала од 150 евра – која е на сила од 1 јули – сега се воведува и дополнителен надомест за царинска обработка во износ од два евра. Ова е посебен трошок, кој се додава на постоечката царинска обврска од три евра. Важно е да се напомене дека овој нов надомест од два евра не ја заменува постоечката давачка од три евра.

Во пракса, доколку еден пакет содржи две идентични маици кои припаѓаат на иста тарифна категорија, надоместот од три евра може да се примени само еднаш. Меѓутоа, доколку еден пакет содржи различни предмети – на пример, маица, полнач за телефон и пар чевли – кои спаѓаат во различни тарифни категории, вкупната привремена царинска давачка би можела да достигне девет евра.

Дополнителен надомест од два евра за секој поединечен предмет

Повикувајќи се на новиот Царински законик на Унијата, детално се појаснува дека надоместот од два евра ќе се применува за секој поединечен предмет – односно производ – што се наоѓа во пратката. За разлика од привремената царинска давачка од три евра, овој нов надомест ќе се применува и за онлајн пратки чија вредност надминува 150 евра.

Тоа значи дека за пратките со вредност до 150 евра, купувачот – или лицето одговорно за увозот – ќе треба да плати ДДВ, привремена царинска давачка од три евра (заснована на соодветната тарифна класификација) и новиот надомест од два евра.

Каква е моменталната состојба?

По воведувањето на мерките во јули, Белгија сега прима 53% помалку пратки од земји надвор од ЕУ во споредба со состојбата пред една година, додека Холандија бележи пад од 46%.

Новата царинска давачка ѝ донесе на Холандија приход од околу 134 милиони евра во текот на јули.

Франција пријави нешто помал пад, кој се движи меѓу 30% и 40%. Француското Министерство за економија, исто така, објави податоци поделени според компаниите. Од јуни до јули, продажбата на „Тему“опадна за 50%, на „Алиекспрес“ за 37%, а на „Шеин“ за 15%. Податоците за интернет-сообраќајот во Полска покажуваат сличен редослед. Од јуни до септември, „Тему“ изгуби 26% од посетителите од Полска.

ИЗДВОЕНИ