четврток, јули 16, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Косовски државјанин избегал од царинска контрола на Блаце, по брза потера e...

Косовски државјанин избегал од царинска контрола на Блаце, по брза потера e уапсен во Скопје – кај него се пронајдени марихуана и нож

0

Косовски државјанин е лишен од слобода откако избегал при царинска контрола на граничниот премин Блаце, при што со возилото оттурнал и неколку метри влечел царински службеник, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според МВР, синоќа околу 22 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје на улицата „Јадранска магистрала“ во Скопје го привеле 24-годишниот косовски државјанин Р.Е.

Претходно, на граничниот премин Блаце, додека царински службеник вршел преглед на неговото патничко возило „БМВ“ со косовски регистарски таблички, Р.Е. го стартувал возилото, го оттурнал цариникот и го влечел неколку метри, по што со голема брзина избегал кон Скопје.

По пријавата, полицијата веднаш презела мерки, а возилото било лоцирано и запрено на „Јадранска магистрала“, каде што осомничениот бил лишен од слобода.

ИЗДВОЕНИ