Комисијата за одлучување по прекршок при Комисијата за заштита на конкуренцијата изврши контроли кај повеќе откупни центри што вршат откуп на овошје и зеленчук од индивидуални земјоделци и правни лица и утврди повеќе неправилности и постапувања спротивни на законските одредби, особено во делот на уредувањето на договорните односи помеѓу откупувачите и набавувачите на земјоделски и прехранбени производи.

– Меѓу утврдените неправилности се издвојуваат: непостоење писмени договори за откуп, користење договори што не ги содржат задолжителните елементи пропишани со законот, како и неусогласеност на договорните одредби со законските обврски – соопшти Комисијата.

Оттаму наведуваат дека ќе продолжат со засилениот надзор во рамките на своите надлежности, а против субјектите кај кои се утврдени неправилности ќе бидат преземени соодветни законски санкции.

Комисијата упати апел до сите учесници во синџирот на снабдување со земјоделски и прехранбени производи доследно да ги почитуваат законските прописи, со цел обезбедување фер и транспарентни деловни односи, како и заштита на земјоделците и на другите набавувачи од нефер трговски практики.

ИЗДВОЕНИ