среда, октомври 21, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА ДЗС со тимови на терен: Потрага по исчезнато лице во реката Вардар...

ДЗС со тимови на терен: Потрага по исчезнато лице во реката Вардар кај Гостивар/ФОТО

12

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) активираше тимови за пребарување и спасување по исчезнато лице за кое постојат индиции дека било забележано во близина на реката Вардар, на подрачјето на Гостивар.

Акцијата се спроведува по официјално барање на Полициската станица Гостивар, а на терен е присутен и заменик-директорот на ДЗС, Кашмир Салиу.

Во потрагата се вклучени припадници на Тимот за брз одговор за спасување на води при ДЗС, со логистичка поддршка од Подрачното одделение на ДЗС во Гостивар. Екипите работат во координација со полициските службеници од ОВР Гостивар и локалните служби.

Пребарувањето се одвива долж течението на реката Вардар, од критичните точки во градското подрачје до низводните делови. Акцијата се одвива во отежнати услови, поради спецификите на речното корито, а тимовите ќе останат ангажирани сè до завршувањето на операцијата.

Од ДЗС упатуваат апел до граѓаните на Гостивар и околните населени места, доколку имаат какви било информации за исчезнатото лице или забележат нешто сомнително долж речното корито, веднаш да ги известат полицијата, надлежните служби за заштита и спасување или Центарот за управување со кризи на бројот 112.

Од Дирекцијата најавуваат дека јавноста ќе биде дополнително информирана за новите информации поврзани со потрагата.

ИЗДВОЕНИ