Со обновувањето ќе биде опфатен потегот од булеварот „Партизански одреди“ до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во должина од над 600 метри.

Според раководителот на Секторот за уредување градежно земјиште во Општина Центар, Кире Секулоски, предвидено е да се ослободат тротоарите за пешаците, лицата во инвалидски колички и за мајките со колички. Од едната страна на овој дел од улицата е предвидена велосипедска патека, а од двете страни ќе има пешачки патеки. Воедно, ќе се обнови старото дотраено зеленило. Ќе се постават и нови канделабри, како и урбана опрема. Фирмите „Изолација“ и  „Вардар градба“ ќе ги изведуваат градежните активности. За обновување на овој дел од улицата се предвидени 35 милиони денари без ДДВ, средства што ги доби Општина Центар на вториот повик од Владата

 

На средината од овој месец, Општина Центар ќе ја започне реконструкцијата на вториот дел од улицата „Ленинова“. Со обновувањето ќе биде опфатен потегот од булеварот „Партизански одреди“ до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во должина од над 600 метри.

Според раководителот на Секторот за уредување градежно земјиште во Општина Центар, Кире Секулоски, предвидено е да се ослободат тротоарите за пешаците, лицата во инвалидски колички и за мајките со колички.

– Од едната страна на овој дел од улицата е предвидена велосипедска      патека, а од двете страни ќе има пешачки патеки. Воедно, ќе се обнови старото дотраено зеленило – информира Секулоски.

Тој додава дека ќе се постават и нови канделабри, како и урбана опрема.

Фирмите „Изолација“ и „Вардар градба“ ќе ги изведуваат градежните активности.

За обновување на овој дел од улицата се предвидени 35 милиони денари без ДДВ, средства што ги доби Општина Центар на вториот повик од Владата.

Како што истакна Секулоски, предвидено е реконструкцијата на овој дел од улицата „Ленинова“ да заврши до крајот на август или до почетокот на септември годинава.

Првиот дел од оваа значајна сообраќајница во Центар беше саниран пред три години, во февруари 2023 година. Тогаш со санирањето беше опфатен потегот од раскрсницата со булеварот „Партизански одреди“ до булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“. Притоа беше поставен нов асфалт, целосно беа заменети водоводната и атмосферската канализациска мрежа, а се реконструираа и старите и оштетени тротоари. Овој дел од улицата доби и еколошки ефикасно ЛЕД- осветлување. Воедно, се воведе резидентен паркинг по целата должина на улицата, односно е дозволено паркирање само за станарите.

Во меѓувреме, се реконструира улицата „Светозар Марковиќ“ во населбата Ново Маало.

Од Општина Центар соопштија дека реконструкцијата на улицата опфаќа површина од 1.310 квадратни метри и должина од 210 метри. Притоа, наведуваат дека реконструкцијата предвидува проширување на улицата, нови рабници, тротоари и улично осветлување и поставување атмосферска и фекална канализација. Во моментот, на терен се поставува нов асфалт.

– Во Центар се реализираат конкретни проекти, со стандарди што граѓаните ги заслужуваат. Секоја уредена улица е чекор поблиску кон поразвиена и побезбедна општина. Реконструкцијата на улицата „Светозар Марковиќ“ ќе овозможи полесно движење за граѓаните и безбеден сообраќај. Воедно, ќе придонесе за поуреден изглед на населбата – посочи градоначалникот Горан Герасимовски.

Исто така, во тек е и реконструкција на улицата „Мирослав Крлежа“ во Дебар Маало.

(А. П.) Фото: (Ѕ. П.)

 

ИЗДВОЕНИ