петок, јули 3, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Кавадарци со информативни табли за дигитализација и модернизација на општинските услуги

Кавадарци со информативни табли за дигитализација и модернизација на општинските услуги

1

Општина Кавадарци почнува со поставување информативни табли со QR-кодови на колективните станбени згради, како дел од процесот на дигитализација и модернизација на општинските услуги, соопштија од локалната самоуправа.

–  Со едноставно скенирање на QR-кодот, граѓаните ќе можат брзо и безбедно да: проверат дали имаат неплатени обврски по основ на данок на имот и комунални такси, да ги платат своите обврски електронски, да добијат увид во наплатата на ниво на зграда, да пристапат до платформата еданоци.мк достапна 24 часа дневно – информираа од Општината.

Како што посочија оттаму, деталните информации за даночните обврски ќе бидат достапни исклучиво за сопственикот, по безбедна идентификација и верификација, со целосна заштита на личните податоци.

–  Со ова современо решение, Општина Кавадарци ја унапредува транспарентноста, ја олеснува комуникацијата со граѓаните и поттикнува навремено исполнување на даночните обврски – нагласија од Општината, додавајќи дека навремено платените даноци се инвестиција во иднината и во развојот на Општина Кавадарци.

ИЗДВОЕНИ