недела, октомври 18, 2026
Дома СКОПСКА Карванско возење на Скопска Црна Гора

Карванско возење на Скопска Црна Гора

8

Во организација на Здружението „Оф роуд напињачи“, трета година по ред, викендов се одржа карванско возење по патеките на прекрасната Скопска Црна Гора.

И оваа година настанот се одржува со поддршка на Општина Гази Баба, затоа што, како што наведуваат општинските власти, зад секоја успешна традиција стојат луѓе со ентузијазам, посветеност и со желба да создадат нешто вредно за заедницата.

– Станува збор за вистинско оф роуд доживување што ги обединува љубителите на авантурата, природата и на дружењето, а воедно ги промовира спортскиот дух и активниот начин на живот. Ваквите настани се убава можност да ги откриеме природните убавини што ги имаме, да уживаме во нив и одговорно да ги чуваме за идните генерации – соопштија од Општина Гази Баба.

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, истакна дека секоја граѓанска иницијатива што поттикнува спорт, дружење и заедништво ја има неговата поддршка.

ИЗДВОЕНИ