Рускиот претседател, Владимир Путин, ја почна својата посета на Кина само по четири дена откако оттаму си замина американскиот претседател, Доналд Трамп, а четири дена по него, во Кина доаѓа српскиот претседател, Александар Вучиќ.
Како што објави Претседателството на Србија, на покана од претседателот Шји Џинпинг, тој ќе биде во официјална посета на Кина од 24 до 28 мај.
Претходно Вучиќ рече дека го смета патувањето во Кина за круна на својата кариера, бидејќи ќе оди кај претседателот Шји Џинпинг по Трамп и Путин. Исто така, рече дека „очекува многу“ од таа посета.












