Хорот при скопското основно училиште од Кисела Вода „Кузман Јосифовски-Питу“, под менторство на наставничката Вера Ангеловска, освои прво место во Јесоло, Италија.

– Македонската песна одекна далеку, а нашите деца покажаа дека талентот, трудот и љубовта кон татковината немаат граници. Нека се слуша македонската песна насекаде низ светот! Ова е голем успех и гордост за сите нас, посочија од ова основното училиште.

Неодамна тие освоија и прво место во хорска интерпретација на државниот натпревар што се одржа во Кавадарци.

Тие на натпреварот се претставија со две нумери „Насред село тапан чука“ и „Еленица препелица“.

ИЗДВОЕНИ