вторник, март 3, 2026
Дома СКОПСКА ЈП „Комунална хигиена“ со екопредавања и работилници во училиштата и градинките 

ЈП „Комунална хигиена“ со екопредавања и работилници во училиштата и градинките 

36

ЈП „Комунална хигиена“ продолжува со реализација на екопредавања и работилници во скопските основни училишта и предучилишни установи.

– Преку екоедукацијата, најмладите жители на нашиот град се запознаваат со активностите на претпријатието, се едуцираат како правилно и совесно да постапуваат со својот комунален отпад, на кој начин се врши примарната селекција на отпадот и како се одвива процесот на рециклирање – соопштија од ЈП „Комунална хигиена“.

 

Оттаму информираат дека во текот на минатиот месец, 253 ученици и 64 дечиња од основните училишта и градинките во општините Аеродром, Центар и Чаир имале можност да ги проследат едукативните предавања за правилно постапување со отпадот и за заштита на животната средина. Предавањата се одвивале на македонски, албански и турски јазик.

Инаку, екопатролата при ЈП „Комунална хигиена“, во текот на месец февруари, изготвила вкупно 100 записници за претставници на стопанските субјекти и физички лица кои биле затечени при неправилно одлагање на отпадот. Во општина Чаир биле изготвени 54 записници, во општина Карпош – 18 записници, во општина Аеродром – 11 записници, во општина Центар – 9 записници, во општина Ѓорче Петров – 6 записници и во општина Гази Баба – 2 записника.

Минатиот месец, екипите на претпријатието подигнале и транспортирале приближно 11.000 тони мешан комунален отпад од домаќинствата на територијата на градот Скопје.

– Отстранети се и 2.505 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани во сите скопски општини, а најголемо количество непрописно одложен отпад од 600 кубни метри е подигнато во општината Центар – велат од ЈП „Комунална хигиена“ .

 

ИЗДВОЕНИ