По повеќе децении, Радишани, конечно, ќе добие нов модерен мост со две коловозни ленти. Градежните активности на мостот се во завршна фаза.
– Не беше едноставно да се надминат сите предизвици и да се завршат сите процедури овој проект да стане реалност. Свесни сме дека во овој период има отежнато движење на возилата, но за кратко време граѓаните ќе добијат современ и безбеден мост, каков што заслужува Радишани – истакна градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски.
Проектот е во вредност од 12 милиони денари, средства обезбедени од Владата.
Костовски информираше и тоа дека работите на вториот мост во Радишани, кај „Морски“, наскоро ќе почнат со силна динамика.
– Во тек е подготовка на третото проектно решение, за кое сме убедени дека ќе биде најсоодветно за граѓаните – нагласи Костовски.












