Под мотото „Ја учам азбуката, моите први букви“, во дворот на Детскиот културен центар „Карпош“, утре со почеток во 10:00 часот, ќе се одржи манифестацијата „Цртање на асфалт“.
Оваа манифестација е со традиција повеќе од 40 години, се одржува по повод 24 Мај, Денот на македонските просветители, светите Кирил и Методиј и на неа учествуваат најмалите, децата од скопските градинки.
– На оваа манифестација, децата од предучилишните установи, преку цртежи на асфалт, ја изразуваат својата креативност, а воедно, преку пригодна програма, се одбележува овој голем ден на кој се сеќаваме на ликот и делото на браќата Кирил и Методиј, светите браќа просветители што им оставија голем аманет на идните генерации – информираат од ДКЦ „Карпош“.












