четврток, јуни 4, 2026
Дома МАГАЗИН Истрага на холандската полиција: Идентификувани се најмалку осум лица, осомничени за дрогирање,...

Истрага на холандската полиција: Идентификувани се најмалку осум лица, осомничени за дрогирање, сексуална злоупотреба и снимање на своите партнерки

0
Фото:википедија

Холандската полиција идентификуваше најмалку осум мажи осомничени за дрогирање, сексуално злоставување и снимање на нивните партнерки, беше објавено денес. Четворица осомничени се уапсени, додека другите се под истрага, објави NL Times.

Истрагата беше покрената откако германските и британските власти дадоа информации за видеа на кои се идентификуваат холандски жени кои наводно биле жртви на сексуално насилство откако биле дрогирани.

Полицијата откри приватни групи на социјалните медиуми во кои членовите разменувале совети за дрогирање жени и споделувале видеа од злоставување. За време на претресите на домовите на осомничените кон крајот на мај, истражителите запленија компјутери, мобилни телефони, USB уреди, како и наркотици, седативи и оружје.

Осомничените се мажи на возраст меѓу 21 и 51 година од неколку градови и општини низ Холандија. Полицијата соопшти дека бројот на жртви сè уште не е утврден и дека идентификацијата на жените кои биле злоставувани е во тек.

Полициските службеници предупредија дека некои жртви можеби не биле свесни дека биле дрогирани или злоупотребувани, поради ефектите на супстанциите што можат да предизвикаат губење на свеста и меморијата, пренесе „Танјуг“.

ИЗДВОЕНИ