четврток, октомври 15, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Исто возило само еднаш дневно ќе може да ја користи зоната за...

Исто возило само еднаш дневно ќе може да ја користи зоната за патници

1529

Од утре стапува во сила нов режим за користење на зоната за краткотрајно застанување пред терминалната зграда на Меѓународниот аеродром Скопје. Од ТАВ Македонија информираат дека зоната и понатаму ќе овозможува бесплатно задржување до 10 минути за оставање или преземање патници. Сепак, се воведува важна промена – исто возило ќе може да ја користи оваа можност само еднаш во период од 24 часа.

Новите правила ќе се спроведуваат преку систем за автоматско препознавање и регистрирање на регистарските таблички. Целта е да се спречи злоупотребата на зоната, да се намали метежот пред терминалот и да се овозможи непречено одвивање на сообраќајот, особено во периодите кога има зголемен број патници.

Возачите на кои им е потребно подолго задржување или повеќекратно доаѓање на аеродромот во текот на денот, треба да го користат главниот паркинг-простор пред терминалната зграда, кој располага со 1.200 паркинг-места за автомобили и шест места за автобуси.

ИЗДВОЕНИ