четврток, јули 2, 2026
Дома СВЕТ Ирското претседателство со ЕУ ќе чини три пати повеќе од претходните две

Ирското претседателство со ЕУ ќе чини три пати повеќе од претходните две

13
epa13056891 A 'Sorry we are closed' sign outside Dublin Castle in Dublin, Ireland, 22 June 2026. Ireland will be taking on the Presidency of the Council of the European Union between July and December 2026. The Presidency will be focused on Dublin Castle, which will be closed to the public for six months to serve as the diplomatic venue. EPA/BRYAN MEADE

Трошоците за шестмесечното претседателство на Ирска со Европската Унија, кое почна на 1 јули, се проценуваат на речиси 300 милиони евра, што е трипати повеќе од она што Кипар и Данска го потрошија во претходната година.

Речиси половина од проценетиот буџет од 293 милиони евра, односно 125 милиони, се наменети за полиција и безбедност, пишува „Политико“, наведувајќи дека Ирска, воено неутрална земја која се смета за слаба точка на европската одбрана, се обидува да ги зајакне своите безбедносни капацитети како подготовка за голем број посети на високи функционери.

Кипар, кој претседаваше со Унијата во првата половина од годинава, очекува вкупните трошоци да бидат околу 95 милиони евра, а Данска потроши уште помалку за време, 80 милиони евра во своето претседателство во втората половина од минатата година.

Секоја членка на ЕУ за време на своето претседателство организира низа настани и политички состаноци на високо ниво во својата земја кои носат поголеми безбедносни ризици. Во ноември ќе биде организиран состанок на Европската политичка заедница, најголемиот ваков настан што некогаш се одржал во Ирска, каде што ќе се соберат лидерите на 47 европски земји.

 

 

ИЗДВОЕНИ