
Трамп, пријави повеќе од 1,4 милијарди долари приход од криптоинвестициите на неговото семејство минатата година. Финансиските извештаи за 2025 година поднесени до Канцеларијата за владина етика на САД откриваат дека неговите компании добиле речиси 800 милиони долари од „Ворлд либерти фајненшл“, криптопроектот што го почнал со своите синови. Тој приход, кој претседателот го дели со членовите на семејството, вклучува повеќе од 520 милиони долари од продажбата на „криптотокени“ и повеќе од 250 милиони долари од продажбата на удел во „Ворлд либерти“. Трамп, исто така, пријавил дополнителни 635 милиони долари од продажбата на неговите „меме“ монети $TRUMP.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, пријави повеќе од 1,4 милијарди долари приход од криптоинвестициите на неговото семејство минатата година, покажувајќи дека сега поголемиот дел од својот приход го остварува од дигиталните средства, кои имале корист од неговите политики, пишува „Ројтерс“.
Финансиските извештаи за 2025 година поднесени до Канцеларијата за владина етика на САД откриваат дека неговите компании добиле речиси 800 милиони долари од „Ворлд либерти фајненшл“, криптопроектот што го почнал со своите синови. Тој приход, кој претседателот го дели со членовите на семејството, вклучува повеќе од 520 милиони долари од продажбата на „криптотокени“ и повеќе од 250 милиони долари од продажбата на удел во „Ворлд либерти“.
Трамп, исто така, пријавил дополнителни 635 милиони долари од продажбата на неговите „меме“ монети $TRUMP.
Криптовалутите, истакнува „Ројтерс“, го трансформирале богатството на Трамп. На пример, во извештај од пред една година, беше објавено дека продажбата на токени на „Ворд либерти“ изнесува 57,35 милиони долари, што во однос на годинашниот поднесок е деветкратно зголемување. Патем, агенцијата неодамна процени дека семејството Трамп заработило најмалку 2,3 милијарди долари од проекти поврзани со криптовалути откако Трамп се врати во Белата куќа во 2025 година.
Американскиот претседател, исто така, пријавил повеќе од 80 милиони долари приход од спогодби со разни медиумски компании и 52 милиони долари приход од неговата компанија што го лиценцирала неговото име на странски инвеститори во недвижности, главно за зделки со партнери од Блискиот Исток.
На прашањето на „Ројтерс“, портпаролката на Белата куќа, Ана Кели, негираше каков било конфликт на интереси на Трамп и неговото семејство.
–Претседателот Трамп гордо ги направи Соединетите Држави главна криптопрестолнина на светот преку своите извршни дејства. Сите негови потези и на администрацијата се направени во најдобар интерес на американскиот народ – а сите таканаречени новинари кои тврдат поинаку го рециклираат истиот, уморен, лажен наратив што демократите и традиционалните медиуми го туркаат веќе една деценија, рече Кели.
Патем, на Трамп му носат приходи и неговите традиционални бизниси, особено голф терените и одморалиштата, од кои заработил повеќе од 500 милиони долари минатата година.











