Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денес повтори дека Иран не работи на изградба на нуклеарно оружје, обвинувајќи го Израел за регионалната нестабилност.
Зборувајќи за тековните разговори меѓу Иран и САД, тој рече дека Иран не се занимава со дипломатија што вклучува понижување, објави новинската агенција „ISNA“.
„Ако застанеме заедно против најмоќната сила во светот, мора да прифатиме дека ќе има тешкотии, не можеме да се бориме и да очекуваме процесот да биде нормален како порано“, рече Пезешкијан.
Американскиот портал „Аксиос“ претходно денес објави, повикувајќи се на американски претставници, дека преговарачите од САД и Иран постигнале договор за меморандум за разбирање со кој ќе се продолжи прекинот на огнот за 60 дена и ќе се започнат разговори за нуклеарната програма на Иран.
Порталот наведува дека американскиот претседател Доналд Трамп сè уште не дал конечно одобрение за договорот, пренесува „Танјуг“.












