Поранешниот аргентински тенисер, Хуан Мартин дел Потро, доживеал непријатна ситуација во родниот Тандил откако била ограбена неговата куќа, а крадците однеле повеќе вредни предмети. Случајот веднаш бил пријавен во полиција, а истрагата сè уште е во тек. Засега нема информации дали се пронајдени дел од украдените предмети.

Дел Потро се огласи на социјалните мрежи и им се заблагодари на сите за поддршката што ја добил.

  • Ви благодарам од срце за пораките на солидарност. Благодарност и до полицијата и до сите што работат на истрагата – напиша Аргентинецот.

Тој откри дека најмногу го боли губењето предмети со емотивна вредност.

  • Многу од тие работи значеа многу и за мене и за моето семејство. Тоа се спомени што не можат да се заменат – порача Дел Потро.

На крајот изрази надеж дека неговиот роден град повторно ќе биде мирно и безбедно место.

ИЗДВОЕНИ