недела, август 23, 2026
Дома СВЕТ Ирански хакери удрија на Британија: Електрана надвор од функција четири дена, владата...

Ирански хакери удрија на Британија: Електрана надвор од функција четири дена, владата крие која била целта

9

Електрана во Велика Британија минатиот месец беше надвор од функција четири дена по нападот на ирански хакери, за кој се верува дека е најуспешниот од ваков вид досега, објави британски „Телеграф“.

Според весникот, ова е прв пат хакери поврзани со иранскиот режим да успеат да онеспособат електрана во Велика Британија.

Инцидентот се случи истовремено со серија напади врз американската водоводна инфраструктура минатиот месец. Нападите погодија 12 држави и предизвикаа загриженост во Белата куќа, објави „Телеграф“.

Британските власти одбија да откријат која електрана била цел, наведувајќи безбедносни причини.

Електраната погодена од хакерскиот напад беше релативно мала, па затоа четиридневниот прекин не влијаеше на снабдувањето со електрична енергија или на целокупното производство на енергија во Велика Британија.

ИЗДВОЕНИ