Полски државјанин е лишен од слобода на граничниот премин „Табановце“, откако било утврдено дека со автомобил возел со брзина од 164 километри на час на делница каде максимално дозволената брзина е 80 километри на час.
Како што информира МВР, вчера во 17:53 часот, на излез од државата, полициски службеници извршиле проверка на патничко возило „форд“ со полски национални ознаки, управувано од М.Ј. (46) од Полска.
При проверката, преку системот „Безбеден град“ било констатирано дека возачот е евидентиран како сторител на кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, односно управувал со возилото со брзина од 164 километри на час на место каде максималната дозволена брзина изнесува 80 километри на час.
М.Ј. е лишен од слобода и против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.












