“Среќен сум што конечно ми се случи Антички. Им благодарам на сите кои веруваат во мене, на авторите, музичарите, на новинарите и, секако, на моите обожаватели. Македонската публика во Охрид, а со тоа и многубројните туристи, имаа максимална можност да уживаат во премиерната изведба на моите нови песни од мојот прв самостоен албум, „Ја за чуда летим“
Популарниот хрватски пејачки феномен, Јаков Јозиновиќ, обожаван од Вардар до Триглав, е на заслужен летен одмор по бројните успешни концерти меѓу кои за најдобриот го смета неодамнешниот свој концерт во преполниот охридски Антички театар. И зошто Јаков го издвои токму овој концерт за најуспешен? Еве го и неговиот одговор:
– Македонската публика во Охрид, а со тоа и многубројните туристи, имаа максимална можност да уживаат во премиерната изведба на моите нови песни од мојот прв самостоен албум, „Ја за чуда летим“. Песните од албумот, за мене, се многу повеќе од десет песни. А така беше и за публиката во Охрид. Песните зборуваат за луѓето што ги запознав, што ги засакав, за емоциите што ги доживеав и за соништата што ги сонував. Охрид и тука зазема високо место. Секоја песна носи дел од мене. Среќен сум што конечно ми се случи Антички театар. Им благодарам на сите кои веруваат во мене, на авторите, музичарите, на новинарите и, секако, на публиката, моите обожаватели. Сите тие ми даваат ветер во грб, а ова лето, тоа најмногу го почувствував од страната на охридската публика.
За да бидете поупатени во неговиот деби-албум, еве корисни податоци за песните и за авторите. Изданието содржи десет песни што претставуваат спој на современ поп-звук, добри интерпретации и модерна продукција која е во ритам со светските музички трендови. Покрај насловната композиција, „Ја за чуда летим“, на албумот се наоѓаат и песните, кои веќе цело лето се слушани на хотелските тераси, во дискотеките, кафулињата, рестораните: „На мјесту мом“, „Четири ласте“, „Мери“, „Вољела би то“, „Рај“, „Нема спавати“, „Стол за двоје“, како и веќе добропознатите хитови „Ја волим кад си ту“ и „Поље ружа“. Албумот е објавен во издание на „K.S.V. Creation“, а зад него стои тим од докажани автори, музичари и продуценти од различни генерации.
Текстовите и музиката ги потпишуваат познатите Лаура Сучец, Матија Цвек, Јосип Паламета, Јерко Дрљо, Драган Брајовиќ и Јелена Трифуновиќ, додека за продукцијата се погрижија Махир Сарихоџиќ, Марко Паламета, Срѓан Секуловиќ-Сканси, Томислав Пресечки и Зоран Швиги.
Тука се вбројува и најновата песната која Јаков ја сними во дует со легендарната поп-пејачка, Јаснa Злокиќ. Еден несекојдневен дует во мелодијата „Људи попут нас“. Одличен спој на неговата младост со естрадната долговечност на распеаната Јасна.
И, ете така, додека ги слушаме тие песни со Јаков, тој си го „тера“ најдобриот одмор со пријателите, меѓу кои се и четири девојки. Со причина се пофали со незаборавно крстосување со сите нив, а многумина го разоткрија, зборувајќи дека и неговата мистериозна девојка била меѓу нив. Тој, засега, не го открива својот љубовен живот пред новинарите. Но и не тврди дека е во сериозна врска. Умен е, па се крие од љубопитните обожаватели. Сепак, на големо се шушка дека на ова крстосување низ сините јадрански води, Јаков е со многу згодната пејачка Џејла Рамовиќ, победничка во шоуто „Ѕвездите на Гранд“. За Џејла постојат и најконтроверзни приказни и шпекулации, дури и такви дека кусо време била во интимна врска со евровизиската ѕвезда Марија Шерифовиќ. Колку има вистини во тие озборувања, никој не знае со сигурност. Како и да е, одморот на море, на Јаков одлично му годи. Скока и плива во морето, се забавува и со штицата за сурфање. Во шорцови и бела маичка позира на катамаран, уживајќи во сончањето, во морските пејзажи и посетувајќи ги скриените морски лагуни, најверојатно интимно со атрактивната Џејла. Но,тоа останува тајна и предизвик за новите „дежурни“ озборувачи. (Д. М.) фото: архива












