сабота, јули 18, 2026
Дома СВЕТ Иран започна нови напади врз сојузниците на САД во Персискиот Залив

Иран започна нови напади врз сојузниците на САД во Персискиот Залив

139
Фото: EPA/WAEL HAMZEH

Иран денес започна нови напади врз сојузниците на САД во Персискиот Залив, објави „Ројтерс“.

Постројка за десалинизација беше погодена во Кувајт, а операциите на Меѓународниот аеродром беа прекинати поради повторени закани со ракети и беспилотни летала.

Кувајтската нафтена корпорација подоцна објави дека еден од нејзините нафтени постројки е погоден во нови напади од страна на Иран.

Објектот беше оштетен во нападот, а мал број луѓе беа повредени.

Кувајските вооружени сили објавија дека утрово пресретнале ирански балистички ракети и беспилотни летала, додавајќи дека голем број пожарникари и работници во нафтениот сектор се повредени.

Иранската револуционерна гарда претходно во понеделникот соопшти дека нападнала американска воздухопловна база во Бахреин како одмазда за воздушните напади на САД.

Системот за рано предупредување на Саудиска Арабија ги повика жителите на Ал-Харџ и Јанбу да се засолнат во понеделник.

Два анонимни извори изјавија за „Ројтерс“ дека предупредувањето е одговор на иранскиот напад, прв по повеќе од три месеци.

Ал-Харџ, источно од Ријад, е дом на воена база во која се сместени американски војници, додека Јанбу, на Црвеното Море, е дом на голем терминал за извоз на нафта.

Саудиските државни медиуми не кажаа зошто е издадено предупредувањето, а владината канцеларија за медиуми не одговори на барањето на „Ројтерс“ за коментар.

Иранската револуционерна гарда не соопшти дали ја нападнала Саудиска Арабија во понеделникот.

ИЗДВОЕНИ