Ормутскиот теснец ќе се отвори повторно за транзит само кога приходите од транзитот ќе се искористат за компензација на воените штети, соопшти во неделата иранската претседателска канцеларија.
„Ормутскиот теснец ќе се отвори повторно само кога дел од приходите од транзитот ќе се искористат за компензација на сите штети предизвикани од наметнатата војна“, изјави Мехди Табатабаи, заменик за комуникации и информации во иранската претседателска канцеларија, на платформата X.
Табатабаи остро го критикуваше американскиот претседател Доналд Трамп, велејќи дека тој „прибегнал кон навреди и бесмислици од очај и гнев“ и го обвини дека „почнал војна од големи размери во регионот и сè уште се фали со тоа“.
Регионот е во состојба на висока готовност откако САД и Израел започнаа заедничка офанзива против Иран на 28 февруари, во која досега загинаа повеќе од 1.400 луѓе, вклучувајќи го и тогашниот врховен лидер Али Хамнеи.
Техеран возврати со напади со беспилотни летала и ракети врз Израел, како и врз Јордан, Ирак и земјите од Персискиот Залив каде што се стационирани американски воени единици.
Иран, исто така, го ограничи превозот низ Ормускиот теснец.












