Сончевиот и топол прв априлски викенд ги привлече првите пливачи на плажите во Улцињ во Црна Гора. Иако пролетта штотуку започна, температурите на морето и воздухот беа пријатни за најхрабрите, кои решија да ја отворат сезоната на пливање порано од вообичаеното.
Во Улцин веќе престојуваат голем број туристи. Мала Плажа, шеталиштето и угостителските објекти викендов беа исполнети со гости, додека некои посетители се сончаа и пливаа.
Туристите имаа можност да уживаат и во два концерти организирани на Мала Плажа овој викенд, по повод прославата на Денот на општина Улцињ.












