петок, јули 17, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Кривична за вработена во Министерството за здравство, не направила контрола во фирма...

Кривична за вработена во Министерството за здравство, не направила контрола во фирма за производство на медицински канабис

17

Министерството за внатрешни работи објави дека е покрената кривична пријава за „несовесно работење во службата“ против жителка на Скопје бидејќи, иако по закон требало да направи две контроли, таа не направила никаква контрола кај правно лице за производство на медицински канабис.

– Пријавената Д.П. во периодот од 18.11.2022 до 21.08.2024, во својство на одговорно лице-претседател на Комисијата за оценување на исполнетост на условите по однос на простор, опрема и кадар за одгледување на канабис за медицински цели при Министерството за здравство, несовесно постапувала при вршењето на своите службени овластувања и должности, на начин што иако согласно член 29-б став 5 точка 3 и член 29-в став 5 од Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции била должна да организира вршење контрола над одгледувањето на канабисот најмалку два пати во периодот од сеење/садење до берба, не организирала и не извршила контрола кај правно лице во Свети Николе за производство на медицински канабис – е наведено во објавата на МВР.

Притоа додаваат дека и покрај доставените известувања од правното лице во текот на 2022 година и 2023 година, пријавената не презела дејствија за вршење на законски пропишаните контроли, постапувајќи спротивно на член 29-б став 5 точка 3 и член 29-в став 5 од Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции, со што му овозможила на правното лице да оствари вишок на производство од 56 килограми канабис, констатиран со записник за извршена контрола од 19.02.2025 година.

ИЗДВОЕНИ