Градежните активности за изградба на нов резервоар за вода, наменет за потребите на жителите од селото Ростуше, во Општина Маврово и Ростуше, се одвиваат интензивно и според планираната динамика.
Овој инфраструктурен проект е од витално значење за обезбедување стабилно, квалитетно и долгорочно водоснабдување за локалното население.
Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше, Онер Јакупоски, изрази задоволство од текот и квалитетот на работите, нагласувајќи дека, како локална власт, ѝ се максимално фокусирани на реализацијата на ветените проекти.
– Интензивно се работи на сите капитални проекти што ги започнавме во нашата општина. Новиот резервоар во Ростуше е приоритет со кој директно го подобруваме квалитетот на живот на граѓаните. Нашата цел е модерна и функционална инфраструктура во секое населено место – изјави Јакупоски.
Овој проект е дел од поширокиот план за капитални инвестиции на Општината, со кои се решаваат децениски проблеми и се создаваат услови за одржлив развој на целиот регион. Се реализира со средства добиени во рамките на вториот повик за добивање средства од унгарскиот кредит. Тогаш оваа општина доби четири проекти во вредност од 58.920.834 денари, од кои Владата финансира средства во висина од 41.861.205 денари, а Општина Маврово и Ростуше ќе кофинансира средства во висина од 17.059.629 денари.












