Легендарната тенисерка Венус Вилијамс ќе се натпреварува на годинашниот Ролан Гарос, во конкуренција на женски двојки. Американката ќе игра заедно со Хејли Батист, тенисерка која е 21 година помлада од неа, потврдија организаторите на турнирот.

Вилијамс нема да игра во сингл, но повторно ќе се појави на парискиот земјен терен, каде што остави голем белег во текот на својата кариера. Седумкратната грен-слем шампионка во сингл неодамна играше на Австралија опен благодарение на посебна покана, каде што стана најстарата тенисерка во главната ждрепка на тој турнир.

Венус беше број еден во светот и во сингл и во двојки во текот на целата своја кариера, а токму на Ролан Гарос го играше едно од најголемите финалиња во својата кариера, кога загуби од својата помлада сестра, Серена, во 2002 година.

Двете заедно освоија и две титули во двојки во Париз: во 1999 и 2010 година.

Годинашниот Ролан Гарос почнува на 24 мај, во Париз.

ИЗДВОЕНИ