Индија го нападна Пакистан, погодени девет локации/ВИДЕО

1529
EPA-EFE/FAROOQ KHAN

Најмалку две лица загинаа, а најмалку 12 се повредени во напад на индиската армија врз населбата Котли во регионот на Кашмир, како дел од нападите на индиската армија на девет локации во Пакистан, јавува Ројтерс.

Индиските вооружени сили денеска извршија напади врз девет локации во Пакистан и во спорниот регион Џаму и Кашмир под управа на Исламабад, се вели во соопштението на индиската армија.

На социјалната мрежа Х беше објавено и видео од лансирањето на ракетата.

Пакистанските безбедносни власти соопштија дека најмалку едно дете загинало, а две се ранети откако Индија рано утринава истрелала проектили преку границата кон територијата контролирана од Пакистан.

Започна операцијата Синдор

Индиската армија соопшти дека нападите како дел од операцијата Синдор биле „фокусирани, умерени и неескалирачки по природа“ и не биле насочени кон пакистанската војска, јавува Гардијан.

„Индија покажа значителна воздржаност во изборот на цели и начин на извршување“, се вели во соопштението.

Се додава дека нападите биле извршени како одговор на „варварските напади во кои беа убиени десетици Индијци во Пахалгам и Кашмир“, додавајќи дека „правдата е задоволена“.

Портпарол на пакистанската војска изјави дека Исламабад „ќе одговори на овој напад во време и на место што самиот ќе го избере“, додавајќи дека сите пакистански борбени авиони моментално се во воздух.

„Ова е срамен и кукавички напад, извршен од индискиот воздушен простор“, рече портпаролот.

ИЗДВОЕНИ