Во приватно училиште во близина на Берлин денес се случи напад со нож, при што загинаа две лица. Напаѓачот е уапсен, соопшти полицијата. Нападот се случил во градот Гозен-Ној Цитау, на границата помеѓу Берлин и сојузната покраина Бранденбург.
Убиени се 18-годишна ученичка и 30-годишен маж кој се обидел да ѝ помогне. Засега нема информации дали некој друг е повреден.
Според медиумските извештаи, уапсениот напаѓач има 19 години и наводно е поранешен партнер на убиеното девојче. Неговата националност сè уште не е позната, ниту пак е познато дали посетувал училиште каде што се случил нападот, пренесе „Хина“.
Пред нешто повеќе од еден месец, 16-годишник од хрватско потекло нападна и сериозно повреди две девојчиња во неговото училиште во Баварија.
Во Германија, во 2025 година се регистрирани речиси 30.000 напади со нож, од кои речиси 1.000 завршиле со смрт.












